Димитров: Втори Август е ден на сите Македонци, без оглед на нивната идеолошка или политичка припадност

од Vladimir Zorba

“Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат, да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!”, ја започна својата честитка по повод Денот на републиката, Никола Димитров со зборови запишани во Крушевскиот манифест.

„2-ри Август е ден на сите Македонци без оглед на нивната идеолошка или политичка припадност, но и на сите наши граѓанки и граѓани, без оглед на етничката или верската припадност. И токму тоа е наследството што треба да го чествуваме од нашите Илинденци и Асномци – соживот, еднаквост, државотворност, правда и слобода“, додава Димитров.

Слични содржини