Димитровски: Кога ја браниме Украина всушност ја браниме Македонија

од Nikola Popovski
571 прегледи

Генералниот секретар на Демократскиот сојуз, Зоран Димитровски смета дека Македонија треба да биде солидарна во случај на бегалски егзодус од Украина.

-Иако не верувам дека до Македонија ќе дојде бегалски бран и не верувам дека нашата земја е посакувана дестинација за бегалци. Може да бидеме некакво привремено засолниште за било кој граѓанин на било која држава, доколку биде побарано од нас. Треба да бидеме солидарни, вели Димитровски во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде Украина ѝ пружила помош и поддршка на Македонија при конфликтот во 2001 година.

-Не може само да се прогласи независност на територии на држава. Кога ја браниме Украина, ја браниме и Македонија и треба да се придружиме на санкциите, јасен е Димитровски.

Слични содржини