261
„Сакам да споделам една информација, да ви кажам ексклузивно дека СДСМ сака да донесе еден милион Африканци во Македонија“.
Ова го изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајчо Димков на вечерашната собраниска расправа за Законот за Јавно обвинителство.
Тој ја предупредува јавноста за оваа идеја на власта која, според него, планира да ја реализира како проект до 2030 година.
„Македонија тогаш ќе се вика Македонија Етиопија. Тоа е договорено до 2030 година да се направи. Сакам да ја предупредам македонската јавност и за ова да остане трага“, рече Димков.