Димковски: Граѓаните да бидат спокојни – криза за храна и основни продукти нема да има

од Nikola Popovski
217 прегледи

Со потпишување на Договорот како дел иницијативата „Отворен Балкан“ создадени се и правните механизми, нема да има прекин во снабдувањето со храна меѓу земјите, што е од исклучително значење во време на најголема криза. Со него се гарантира дека ќе се обезбедат стратешки култури, како пченица, пченка, јачмен, млеко, месо, ориз, зејтин, во доволни количини за граѓаните на овие три земји, изјави Трајан Димковски, член на Комисија за земјоделство при СДСМ.

Тој посочува дека политиките на СДСМ во една од нашите клучни гранки, земјоделството, даваат реални резултати.

-Како партнери на земјоделците даваме силна и директна финансиска поддршка на секој земјоделец. За над 45.000 земјоделци се обезбедени 3,2 милијарди денари или над 50 милиони евра. 2022 година е година во која државата до денар ги расчистува долговите према земјоделците, што не се случило цели 16 години. Но, и година во која за прв пат започнува авансна исплата на субвенциите. Со оваа мерка земјоделците ќе можат веднаш по аплицирањето да добијат до 30% од вкупната вредност на финансиската поддршка.

Оваа година со авансна исплата започнуваме за субвенциите кон овоштарите, за што обезбедивме 150 милиони денари, а веќе од следната година авансна исплата добиваат сите земјоделци, наведе Димковски.

Според него, граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи „иако ќе биде тешка зима, криза за храна и основни продукти нема да има, а земјоделството ќе продолжиме да го развиваме во интерес на сите земјоделци и сите граѓани“.

Слични содржини