Димна бомба за дипломатите на Денот на полицијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
310 прегледи

На показната вежба од специјалните сили кои на прославата на Денот на полицијата симулираа како изгледа напад и одбрана од непријател, една од димните бомби заврши на трибините каде седеа дипломатите, кои веднаш почнаа да бегаат.

На церемонијата присуствуваа раководството на МВР, дел од вработените, семејствата на бранителите, поканетите гости од Дипломатскиот кор и новинарите.

– Денешниот празник го обележуваме во едни поинакви околности коишто ни даваат јасен увид за значењето и улогата на полицијата и во кризни состојби како што е впрочем актуелната пандемија со КОВИД-19, рече министерот за Наќе Чулев во поздравното обраќање.

На свеченоста присуствуваа и дополнителниот заменик-министер Славјанка Петровска, заменик-министерот Агим Нухиу и државниот секретар Магдалена Несторовска.

Слични содржини