Се залагав од секгоаш дека алтернативните казнувања треба да бидат повеќе применети. Зошто државата да ве чува во затвор и да троши финансии за вас кога може истата казна дома да се издржува, вели Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и поранешна пратеничка во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Поранешниот пратеник Александар Пандов пак, вели дека давањето поблага мерка за Катица Јанева не е театар, туку чист криминал и чиста корупција.

„Јасно му е на секој еден дека нема правда, дека тоа што госпоѓата Димова го фарбаше Скопје со паролата „Нема правда нема мир“, овие се последните шајки заковани на ковчегот „Правда“. Тие судии и обвинители апослутно роса не ги роси. Овие тројца судии кои ја пуштиле Катица Јанева, праведно е госпоѓата Русковска не да им пишува писма, да спроведе истрага, да им ги земе телефоните, да им ги провери компјутерите“, рече Пандов.

Според Димова, ветингот не е решение затоа што со та не се решава проблемот, туку последицата.

„Јас не мислам дека проблемот е во судиите, проблемот е во образованието. Дури и да направиме ветинг и да ги смениме судиите, сите наредни ќе бидат со ист квалитет поради образованието. Го имаме искуството и со лустрацијата, мислам дека таков процес не може да помине без дамка“, рече таа.

Поранешната пратеничка вели дека имала очекувања дека ќе има некаква правда, па од тука паролата „Нема правда нема мир“.

„Можеби бевме со некаква идеологија која се покажа дека е тешка да се спроведе во реалноста, една од причините е и судството, онакво какво што е. Неказнивоста не е од сега, туку од почетокот на 90-тите. Тука ја споделуваме одговорноста за неказнивоста. Не сметам дека излезот е ако направиме ветинг, а не си ја смениме свеста. Затоа посочувам и покажувам со прст кон образованието“, нагласи Димова.

За пратеничката Фросина Ременски вели дека не може да суди за тоа како некој треба да се однесува.

„Јас лично имам доверба во Фросина Ременски. Во досегашната комуникација со неа не ми дала простор да имам некаква недоверба. Убедена сум дека има некои информации на кои се потпира, па затоа не дава оставка од Собранието. Таа се наоѓа во ситуација кога е под лупа на јавноста, не може да се однесува како што се однесува секој пратеник“, истакна Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

Слични содржини