Димовски: Не критикувајте го СДСМ за избирачкиот список

од desk2
99 прегледи

Избирачкиот список се прави врз основа на регистар на државјани и затоа нема потреба да се критикува СДСМ што не е прочистен списокот на гласачи, коментира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.


На својот фб-профил, Димовски забележува дека избирачкиот список не се прави врз база на регистар на осигуреници во здравство, земјоделци кои добиваат субвенции или писатели кои добиваат пари за издавање книги… Избирачкиот список, вели, се прави врз база на регистар на државјани на Македонија што го води Министерството за внатрешни работи…

„Значи, не врз основа на список на жители, туку врз основа на регистар на државјани… Каде и да живеете на планетава, ако сте државјанин на Република Македонија, мора да си дел од избирачкиот список… Така било од 1990 година наваму…. За оние кои не знаат, според тој регистар на државјани, бројот на државјани е над 2,4 милиони, од кои околу 1,8 се полнолетни…“, наведува Димовски, кој е претседател на собраниската Комисија за избори и именувања, преку која одеше изборот на актуелниот состав на ДИК.

Тој посочува дека дека поддржувачи на СДСМ ги критикуваат СДСМ зошто не го пречистиле списокот…

„Не критикувајте ги. Тоа е тоа. Не можат да бришат од список ако некој е државјанин… Плус, списокот пред 2 години го прочистуваше ДИК раководена од СДСМ“, забележува Димовски.

Слични содржини