Димовски: Работодавачите што го злоупотребиле законот за работни односи да завршат зад решетки

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ побара затворска казна за работодавачите што го злоупотребиле законот за работни односи и не исплатиле плата од предвидениот минимум.

-Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетки. Од УЈП беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, вели Димовски.

Слични содржини