162
ВМРО – ДПМНЕ не треба да предложи свој кандидт за потпретседател на Собранието, напиша на својот ФБ профил поранешниот пратеник од ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски.
– Доколку сме сериозна партија кој има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО – ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката од јавноста за непотребно големиот број потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува, е пораката упатена преку ФБ од Димовски до неговата партија.
Дополнително, смета Димовски, ВМРО – ДПМНЕ треба да ги повика сите партии кои, како што пишува, си направиле пазар за овие функции да го сторат истото.