Димовски во петок ќе даде отчет пред собраниската комисија за македонското државјанство на Онишченко

од Nikola Popovski
223 прегледи

Денес се одржа седница на комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, информира Љупчо Пренџов претседател на Собраниската комисија за надзор над работата на АНБ и АР.

-Директорот Димовски не присуствуваше поради предходно договорено патување во странство. Седницата ќе продолжи во петок, (со присуство и на директорот на АНБ)со почеток во 12 часот. Јавноста ја интересираат одговорите и коментарите од страна на Димовски за следниве прашања:

1. Дали АНБ знаела дека А. Онишченко од денот кога ги поднел документите за македонско државјанство до денешен ден е на црната листа на САД.
2. Дали АНБ добила информација дека Онишченко е осомничен за криминал и перење пари во вредност од над 100М€ во својата матична држава Украина.
3. Истиот бил и пратеник во Украина но тамошното Собрание му го одзело мандатот.
4. До ден денешен е лице кое се бара и има распишано потерница по него од страна на Украина.
5. Господинот исто така има и руско државјанство.
6. Како АНБ констатирала дека има “чисто досие”?, стои во Фејсбук статусот на Пренџов.

Порталот „Призма“ во петокот објави дека украинскиот политичар Олександр Онишченко, кој фигурира на листата на санкции на САД, во Македонија добил државјанство како истакнат спортист кој се натпреварува како македонски репрезентативец во коњички скокови. Пет месеци откога го добива македонското државјанство, тој настапува под македонското знаме на натпревар во коњски скокови, во Сен Тропе.

На украинската политичка сцена, името на Онишченко се спомнува како на поранешен пратеник што избегал од земјата во 2016 година, откако тамошната Антикорупциска комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски наведе дека три институции, Агенцијата за национална безбедност, Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт биле надлежни и доволни да се прифати барањето за државјанство.

Премиерот Ковачевски најави преиспитување на случајот.

Слични содржини