Димовски: Законот за ЈО ќе важи по четири и пол месеци, доволно време за да го подготват експерти

од Aleksandar Todeski

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на прес конференција обвини дека некој се обидува да носи Закон со европско знаменце за да се донесе за два дена, а истиот да важи четири и пол месеци по носењето. Вели, кога политичари прават Закон за Јавно обвинителство, се добива целосен хаос.

Фото: Борче Поповски

„Нашето прашање е ако важи по четири и пол месеци, зошто да не го направат експертите и да се гласа по изборите, туку се брза да се донесе. Имаше пратеници кои изјавија дека текстот кој бил усогласен во влада не бил испратен до Собранието, туку некој се дрзнал во текот на ноќта да го измени и да донесе Закон кој не поминал на влада“, рече Димовски.

Официјални информации зошто се доцни, вели дека немаат како опозициска партија. Пратеникот посочи и дека Законот треба да биде повлечен ако се менува, да помине повоторно низ влада и да се пушти во Собранието повотрно, или да се менува преку амандманска расправа, а не пред почетокот на собраниската процедура.

„Низ ходниците се слуша дека некој од министрите и пратениците сега преговараат, тука, во Собрание, кога Законот е во постапка, односно го менуваат без да помине на Влада, официјално немаме ништо. Ние ќе ги истанеме аргументите, тука сме, во Собранието“, рече Димовски.

 

Слични содржини