Превкусен ручек за целото семејство.

Состојки
1 кг свинска удина
2 главици кромид
3 моркови
1 пиперка
200 гр гр маринирани шампињони (1 мало тегличе од 370 гр)
1 лажица мешан сув зачин
1/2 лажиче пимент
1/2 лажиче куркума
1/2 лажиче оригано
1/2 лажиче чубрика
сол, вода и маслиново масло
3 ливчиња ловор
1 лажица брашно
1 лажиче чаден црвен пипер
1 грст сечкан магдонос
Подготовка:
Исечкајте го кромидот не многу ситно, пиперката на плочки и морковот на кругови.
Месото исечкајте го на поситни парчиња и со малку масло запржете го во тенџерето.
Откако ќе запржи додадете го зеленчукот и печурките, измешајте и додадете вода да го прекрие сето.
Дотурете малку маслиново масло, поклопете со капак и намалете на помалку од средна јачина на ринглата и оставете да се крчка скоро час време. Потоа додадете ги зачините наведени до солта, и оставете го уште еден час најмалку.
Кога течноста ќе биде доволна за сос, растворете ги брашното и пиперот со ладна вода и измешајте го во тенџерето. Додадете го сега и ловоровиот лист и магдоносот. Нека повари уште 5-10 минути и исклучете ја ринглата, готово.