Тројца американски дипломати се симнати од воз во близина на рускиот град Северодвинск, бидејќи влегле на таа територија без соодветна дозвола.
Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека американската амбасада во Москва побарала дозвола за официјална посета на дипломатите, но таа важела само за Архангељск, но не и за Северодвинск.

Поради ваквиот инцидент, руското МНР соопшти дека ќе испрати протестна нота до Вашингтон.