Директор на училиште во Ирска под истрага: Персоналот тврди дека злоставувал деца со аутизам

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Директор на ирското средно училиште е под истрага за долгогодишно емоционално и физичко малтретирање на ученици.

Меѓу грозоморните наводи се дека принудил ученик со аутизам делумно да се соблече пред другите ученици, отстранување на специјалните играчки кои аутистичните деца ги користат како средство за смирување, несоодветен физички контакт со учениците, вклучително гушкање и седење во скут и вербално омаловажување на деца кои го посетувале училиштето.

Персоналот се пожалил и дека директорот постојано омаловажувал дете со посебни потреби навредувајќи го, велејќи му дека е глупаво, тврдоглаво и незрело, што го вознемирило детето.

Писмото испратено до Управниот одбор го потпишале речиси сите вработени во училиштето.

Потоа директорот бил суспендиран до понатамошно известување, односно испратен на административно отсуство.

Тој тврди дека наводите се целосно лажни.

Слични содржини