Директорката на демирхисарската гимназија, Маја Лозановска, утрово се јави на информативен разговор во полиција. Одбраната најави дека по распитот ќе побара со полициска придружба да се изврши увид во училиштето, тврдејќи дека постојат индиции за провална интервенција во училишни простории непосредно пред претресот во домот на директорката.
Потсетуваме, полицијата на 8 август изврши претрес во домот на Лозановска во потрага по училишниот печат. Во тој период таа беше на боледување, а јавноста ја вознемири изјавата на надлежниот началник дека „и на носилки“ ќе ја донесе на информативен разговор, иако налогот се однесувал само на претрес.
Министерството за внатрешни работи отвори дисциплинска постапка против началникот.
Од МВР соопштија и дека против Лозановска имало пријава и постоеле основи за сомневање за кривично дело „одземање печат и службени документи“.