Министерот за здравство Венко Филипче, денес соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Билјановска е позитивна на КОВИД-19.
Таа пред една недела се вратила од Италија и изминатите пет работни дена одела на работа.
Министерот за здравство Венко Филипче изрази разочараност од неодговорниот однос на заразената директорка, на новинарско прашање дали директорката ќе биде суспендиранa, министерот рече дека ќе бидат преземени мерки против сите за кои ќе се утврди дека направиле нешто што го загрозува јавното здравје.
Мора да имаме одговорност за колективното здравје. Како министер за здравство кој секојдневно апелира да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, морам да кажам дека сум крајно разочаран што станува збор за наша колешка, докторка, изјави тој.
По скијањето на Алта Бадиа, во северна Италија, директорката ка Клиниката за дерматологија во саботата им одржала и предавање на стотина колеги што учествувале на стручното предавање на тема „Дермоскопија немеланомски карциноми на кожа“ во ресторанот „Рагуса 360“ во Скопје.
Неодамна директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Билјановска изјави: „Пациентите пред сѐ! Тоа е моето основно мото и желба во која најголем дел од животот сум инвестирала.
Филипче ја повика јавноста на поголема одговорност за колективното здравје.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/209346473279396/?__xts__[0]=68.ARAYE1-H7SLt6tvxfB4QQ7_7VX8QXsMvBVtnI2ZpLyg9-MV6G2FzZ6AGB9IR0sGaUONN2mZcmNG1rFnVUp0Stvw9rol711eHuFyZsDeaCTTjyJ6kTXZcWQdyEqtRRwxiRJn57GH0j_d9YLqUIeHi04Rj1IiR8uuIYO2pEiPvcH564ePhCGQLChrDG1Ht2e_6-tslRcp2sG2lYqUOG4z37xXP3hygvbQMIDodydOIDyJlcL7x60CPAskf1iuMLWbjf3GaVMPuwVaKmIUYfep78KFsxACOBA04sk5Ihf_6Bw-ZkPd2z4167CKdDT-cB2xj7aUjKm1OKvmM3pT3lwLv6FrhkeENNnM9StMJuiEs&__tn__=-R