Директорот на „25 Мај“ чувствува морална одговорност за злоставуваното девојче, но тврди дека никој од Домот не е инволвиран

од desk4
112 прегледи

За сексуалното  злоставување на 13-годишната малолетничка, директорот на домот „25 Мај“ вели дека чувствува морална одговорност. Во телефонски разговор за ТВ 24 најави дека во понеделник заедно со министерката Мила Царовска ќе излезат со повеќе детали за случајот кој ја вознемири Македонија.

„Јас од морален аспект секако дека чувствувам одговорност и не може да ми е сеедно, апсолутно, Најодговорно тврдам дека никој од установата ниту бил инволвиран, ниту злоупотребувал деца, ниту ги наведувал на некакви негативни дејанија. Сето тоа што се случувало надвор од установата“, вели Стево Соколовски – директор на јавната установа за деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“.

Од Меѓаши апелираат на поголема одговорност од надлежните институции. Велат дека потребно е поголема грижа кога станува збор за вакви инцидентни случаи.

„Пред се бараме одговорност од институциите како за поединечен случај, така и начелно. Во најкраток можен рок треба да се види што точно се случило, како било возможно тоа да се случи, кој се е инволвиран, меѓутоа исто така и одговорност кај оние кои требало да знаат, но не знаеле што се случува“, вели Ана Битолјану – Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“.

УНИЦЕФ порачува трансформирање на институциите каде се згрижени децата штитеници. Случајот со злоупотребата на малолетното девојче, Според Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија, Покажал дека  институционалната грижа не може да обезбеди соодветна заштита на децата.

 

Целиот текст може да го прочитате тука