Директорот на АЕК: Скопје ќе биде првиот град со 5Г мрежа

од Берта Китинска
310 прегледи

Скопје ќе биде првиот град во Македонија кој ќе ја користи 5Г мрежата, откри денеска директорот на АЕК, Јетон Акику во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Директорот на АЕК вели дека половина од државата има брз интернет.

-Просечна брзина за фиксен интеренет т.е кабловски интернет не постои, туку ги земаме за споредба податоците од договорите што ги потпишуваат граѓаните. Приближно 24% од домаќинстватата во Македонија имаат склучено договор за 20 до 30 МБ во секунда и 21% од домаќинствата имаат склучено договор помеѓу 50 и 100 МБ, вели Акику, додавајќи дека по Правнилникот, операторот не смее да дозволи брзината да падне на 50 отсто од рекламираната.