Директорот на Фајзер: До крајот на 2021 година ќе има повеќе вакцини отколку што е потребно

од Nikola Popovski

Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, во средата изјави дека е убеден дека до крајот на 2021 година ќе има повеќе дози на вакцини од коронавирус отколку што се потребни за борба против пандемијата.

„Убеден сум дека до крајот на 2021 година ќе имаме повеќе дози на вакцини отколку што ни требаат. Правиме се што можеме за да го зголемиме производствениот капацитет, но проблемот е што треба да ги зголемиме во следните неколку месеци“, изјавил тој на онлајн конференција, известува Ројтерс.

Бурла вели дека во меѓувреме, владите треба да осигурат дека другите мерки не се олабавени.

„Несомнено најефективната алатка“

„Важно е да ја користиме вакцината како едно средство“, рече тој, додавајќи дека нема сомнение дека ќе биде најефикасна, со најголем траен ефект.

„Времето кога можеме да се вратиме во нормала не е далеку, но дефинитивно не е сега“, истакнал Бурла.

„Фајзер“ минатиот месец објави дека нејзината вакцина е ефикасна околу 95 проценти. Велика Британија стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцината против коронавирус на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.

Слични содржини