Директорот на КОВЗРГ испрати телеграма со честитка по повод католички Велигден

По повод најголемиот христијански празник-Велигден, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски упати телеграма со честитка до бискупот скопски и епарх на струмичко – скопски монс. д-р. Киро Стојанов, до католичкото свештенство и сите верници од католичка вероисповед.

„Дозволете ми од мое име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Вам, на целото католичко свештенство и на сите верници од католичката вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод најголемиот христијански празник – Велигден. Во времето во кое денес живееме мораме сите да се потсетиме на најголемата порака на овој празник – љубовта. Љубовта му е потребна на светот сега повеќе од кога и да е, бидејќи таа е најголемиот лек со кој можеме да ги победиме сите болести. Да ги љубиме сите подеднакво воденешно време е се потешко, но љубовта е сила која секогаш победува. Токму таа го победи злото на крстот, простувајќи им на непријателите, правејќи им добро на сите и на секого.

Ви посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете во мир и добро здравје заедно со Вашите најблиски исполнети со љубов и меѓусебно почитување“, се вели во телеграмата.

Слични содржини