403
Директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчевски ги демантира тврдењата на некои медиуми дека со владиниот авион „Лирџет“ заминал на шетање во Љубљана.
„Станува збор за тренинг лет, кој заради безбедност мора да се изврши за владиниот авион. Летот е извршен на релација Скопје-Охрид-Љубљана. Во авионот има двајца пилоти, еден инструктор и четири лица. Летот почна во 7:30 часот, а по Охрид авионот продолжи за Љубљана, бидејќи тестирањето на авионот подразбира три часа непрекинат лет“, вели Мирчевски.
Претходно во медиумите беше објавено дека Мирчевски заедно со четири жени, вработени во истата служба, со владиниот авион „Лирџет“ заминале на шетање во Љубљана.