Директорот на СЗО за Европа порача: Останете дома за празниците, така е најбезбедно

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, ги повика сите да останат дома за време на празниците, бидејќи така е најбезбедно во време кога КОВИД 19 е широко распространет, а многу луѓе умираат од последиците на вирусот.

Додека сите семејства разговараат за тоа како да ги поминат празниците, Клуге упати апел во изјавата што ја достави до печатот и рече дека е најбезбедно да се остане дома.

Тој изјави дека пренесувањето на вирусот во повеќето делови на Европа е сè уште интензивно и раширено.

„Оваа година имало близу 23 милиони случаи на КОВИД-19 во Европа, а повеќе од половина милион од оние со потврдена инфекција ги загубија своите животи вчера“, нагласи Клуге.

Слични содржини