Дистрибуција на доверливиот изборен материјал до општинските комисии

од desk4
130 прегледи

Државната изборна комисија денеска ќе го дистрибуира доверливиот изборен материјал до општинските изборни комисии.

Караванот на ДИК за дистрибуција на материјалите почнува од Битола, откако доверливите изборни материјали ќе бидат подигнати од печатницата „Киро Дандаро“.

Оттаму караванот на ДИК ќе продолжи со дистрибуција во сите 80 општински изборни комисии, а како што посочија од Комисијата за МИА дистрибуцијата треба да заврши до крајот на денот.