Дисциплинска постапка за тројца полицајци – во работно време агитирале на митинг

од Берта Китинска

Против тројца полицајци од ОВР Прилеп е покрената дисциплинска постапка од страна на Внатрешната контрола во МВР откако на 21.09.2021 година, во работно време се забележани на партиска трибина како агитираат за кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за Долнени, Ладо Глигоровски, дознава „Локално“ .

Станува збор за полицајците Т.Г., поранешен началник на ОВР Прилеп во време на техничката влада кога министер за внатрешни работи беше Наќе Чулев, како и полициските службеници З.В. и Г.Т.

Лицето Т.Г. на денот на изборите, 17 октомври исто така е пријавен од страна на граѓани во Полициската станица во Прилеп дека агитирал на гласачко место за да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и вршел влијание врз гласачите додека бил распореден како обезбедување на гласачкото место.

Според нашите информации настанот е пријавен и докажан.

Слични содржини