Дисциплинската комисија ќе одлучува како ќе постапи за инцидентот каде наставник натепа ученик на час

од Берта Китинска
844 прегледи

Денеска дисциплинската комисија ќе одлучува како ќе постапи за односот каде наставникот удира седмооделенец, па го крева и спушта на земја пред целото одделение во О.У „Панајот Гиновски“ во населба Бутел, социолозите велат дека таквите наставници треба да бидат надвор од образовниот процес.

Случајот е пријавен во МВР каде беа сослушувани лица поврзани со инцидентот, а известен е и Јавниот обвинител.

Согласно Законот за основно образование секој вработен во училиштето е должен да се грижи за најдобриот интерес на ученикот и да го почитува неговото достоинството, како и Конвенцијата за правата на детето. Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него.

Вочнемирувачкото видео од инцидентот беше објавено во петкот на социјалната мрежа Тик Ток.

Слични содржини