Дива свиња се прошета низ Солун за време на полицискиот час

од Stefanija Kuzmanovska

Во раните утрински часови денеска беше забележана дива свиња како талка во центарот на Солун, а неколку минувачи ја снимаа во 02,45 часот на централниот плоштад Аристотел.

Свињата најверојатно „слетала“ во градот од блиската шума, а потоа била забележана како талка низ центарот, пренесува грчкиот портал greekreporter.

Дивите свињи се чести низ цела Грција, но претежно живеат во шуми, а многу невообичаена појава е да се види на централните плоштади во поголемите градови.

Според Христос Влахос, професор на Катедрата за земјоделство, шумарство и природна средина на универзитетот Аристотел, дивите свињи се честа закана низ цела Европа.

Тој исто така смета дека граѓаните не треба да имаат големи проблеми освен ако не предизвикаат паника или ако животното се чувствува загрозено, кога може да стане агресивно, а секако постои и проблемот со предизвикување сериозни сообраќајни несреќи.

Грчките земјоделци неодамна ги повикаа властите да преземат мерки за сузбивање на експлозивниот раст на популацијата на диви свињи, кои се одговорни за уништување на нивните посеви.

Овој проблем, велат тие, е многу голем во некои делови на Грција, бидејќи свињите кои избегале од сточарските фарми сега формирале стада диви свињи и тоа резултира со хибридни свињи кои се екстремно распространети и тоа создава многу проблеми во управувањето со нивната популација. и бидејќи тие се крајно плодни.

Диви свињи се појавувале во урбаните области на Грција и порано, на пример во 2019 година, кога глутница од овие животни беше забележана како талка по улиците на Рафина во Атика, а слични инциденти се случија и во други градови, според greekreporter.

Слични содржини