Дивеењето во Собрание е однос кон граѓаните – Левица и ДПМНЕ се лонче и капаче, велат од СДСМ

од Nikola Popovski
388 прегледи

СДСМ го осуди вчерашното однесување на двајцата пратеници од Левица и порача дека „целата македонска јавност виде со Левица и ДПМНЕ каков хаос следи“.

-Тие се лонче и капаче. Дивеењето на Левица во Собранието е потврда на она што го говориме цело време. Односот на Левица и ДПМНЕ кон Собранието е однос кон државата, однос кон граѓаните, истакнаа од партијата на власт и порачаа дека „за дивеењето мора да им одговорност од пратениците на Левица“.

Од СДСМ очекуваат Јавното обвинителство да поднесе соодветни кривични пријави.

Според ВМРО-ДПМНЕ, инцидентот во Собранието е исцениран и на него гледаат како на „евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС“.

-Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) “шамари, клоци и тупаници”, рекоа меѓу другото од најголемата опозициска партија.

Инцидентот во пленарната сала на Собранието ја прекина седницата откако пратеникот од Левица, Борислав Крамов го скрши и го фрли мониторот на потпретседателот Горан Мисовски на под и почна да фрла кон него со амандманите.

Непосредно пред тоа, парламентот не го изгласа предлогот на Левица да се отфрли првата точка од дневниот ред на состанокот, поврзана со измените во деловникот за работа на парламентот. Претседателот на партијата Димитар Апасиев, своето барање го оправда со тоа што се одбиени предлозите за измени на деловникот што партијата ги поднесе.

-Поднесени се 2.464 предлози за измени, од кои 2.461 се на Димитар Апасиев и Борислав Крамов (двајцата пратеници од Левица). Од нив 12 измени се редовни, останатите не“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Народните избраници го усвоија дневниот ред на парламентот со 87 гласа „за“ и 3 „против“, а Талат Џафери го овласти потпретседателот Мисовски да продолжи да претседава со седницата.

Потоа Крмов застана на говорницата со еден куп хартии, за кои рече дека се оригиналите на нивните предлози, кои не се архивирани, и побара прекин на седницата. Го фрли шишето со вода на подот пред претседавачот, го откорна мониторот на компјутерот и почна да ги фрла листовите. Нему му се придружи и Апасиев.

Слични содржини