Три диви свињи во понеделникот биле на улиците на Нови Сад и се уште се на слобода покрај тоа што ги ловеле ловци и полиција, пренесуваат српските медиуми.

Како што вели за радиото и портал “021” Зоран Брзак од Ловечкото здружение “Neoplanta 1884”, свињите најверојатно побегнале од Националниот парк „Фрушка гора“ и допливале до новосадски Штранд, каде ги забележал работник на осигурување на градската плажа. По него потрчала една дива свиња, а тој се спасил качувајќи се на сцената.
Брзак вели дека речиси е невозможно да се лоцираат, со оглед на тоа дека улиците не се затворени. Од полицијата велат дека патроли имаат на терен , дека е затворена плажата и дека се пребарува блиската населба.
Три членови на “Neoplanta” добиле согласност од покраинското министерствто за земјоделство да ги најдат свињите и да преземат мерки за нивно отстранување.