Image_5679219_126

Откако во текот на неколку години браќата од Барселона Карлс и Хесус Бел со компанијата Bel & Bel склопуваа луксузни канцелариски столици со стари мопеди Vespa и Piagio, сега одлучија да ги предизвикаат обожаватели со производство на нов вид електрични мотори, на кои возачот стои. Т.н.. Zero-Scooter е првиот во светот скутер со самостојно балансирање на телото, тврдат Шпанците, иако во суштина популарниот американски Segway е истото возило.

Image_5679221_128
За правење на електроника и механика браќата се потпирале на водечката светска марка NineBot. Пронаоѓачите нагласуваат дека машината ќе им се допадне на многумина со својот уникатен ретро дизајн.

Image_5679222_128
Тежината на еколошкото возило е само 25 кг. Батеријата се полни за 3-4 часа, а на кормилото има мултимедијален систем со Bluetooth App за Apple и Android.

Image_5679224_128

Мопедот без седиште е со максимално оптоварување од 100 килограми и може да се движи до 20 km / h. Максималниот наклон на патот кој може да го совладува е 20 степени. Километражата со едно полнење на акумулаторите е 25-30 километри. Батеријата е со капацитет 450 втч, а двете моторчиња на тркалата се со моќност 1350 вати.

Слични содржини