Пред неколку месеци Меган Маркл се согласи да го даде гласот за Дизни, а продукциската куќа за возврат требло сретствата да ги донира во добротворна установа за заштита на слоновите, но работата за сега не е реализирана. Многу прашина се подигна околу снимката која ја извадија британските медиуми, а на која Хари „преговара“ за работа за Меган со шефот на Дизни, Боб Игер.
Во времето на снимката и состаноците меѓу Игер, Меган и Хари се уште беа дел од кралското семејство со свои правила и обврска, па кратката работа која Хари ја иницирал дополнително го разора кралското семејство.
Од работата до Дизни засега останаа само спомени, но Меган, како што пишува британскиот Mirror, конечно добила и официјална понуда, како би се вратила во светот на филмот и телефизијата.
Американскиот продуцент и сценарист Ал Џин ја повикал Меган да се приклучи на култната анимирана серија Симпсонови и дека за неа подготвиле улога. Екипата од Симпсонови во Маркл гледа ичност која добро би се вклопила и би позајмила глас на некој од ликовите од серијата.
– Меган, јави ни се. Те чекаме – рекол Џин за Radio Times.