Џ.Д. Венс: Не верувам дека Трамп ќе го шири нуклеарното оружје на истокот од Европа

од Љубиша Владимиров
75 прегледи

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Ванс, изјави дека би бил „шокиран“ доколку претседателот Доналд Трамп поддржи преместување на нуклеарно оружје подалеку на исток во Европа, откако полскиот претседател Анџеј Дуда побара американско нуклеарно вооружување на територијата на Полска.

Во интервју за Фокс Нувс, Ванс истакна дека не разговарал со Трамп на оваа тема, но не верува дека американскиот претседател би поддржал таков потег.

Во меѓувреме, според Финансиал Тајмс, Дуда побарал распоредување на нуклеарно оружје во Полска како начин за одвраќање од потенцијална руска агресија. Тој ова го образложил со фактот дека НАТО границите веќе се поместија на исток во 1999 година и дека „логично“ е и нуклеарната инфраструктура да се движи во истата насока.

„Би било побезбедно ако тоа оружје веќе се наоѓа во земјата“, изјави Дуда, повикувајќи се на зголемените безбедносни закани во регионот.

Воени аналитичари предупредуваат дека ваквиот чекор би можел да предизвика остра реакција од Москва и дополнително да ја заостри ситуацијата во Источна Европа. Белата куќа засега нема официјален став за ова прашање, а Пентагон останува претпазлив во однос на какви било промени во нуклеарната стратегија на Алијансата.

Слични содржини