Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ги повика политичките партии навреме да се договорат за терминот за одржување на претседателските и парламентарните избори следната година се со цел почитување на законските и уставните рокови.
-Немам намера никого да повикувам, тие треба да бидат одговорни за ова прашање. Мојата одговорност е да распишам редновни избори. Најран датум за парламентарни избори е 5. мај. Партиите кога ќе се договарат за датум, треба да ги имаат предвид и обврските од Пржинскиот договор за техничка влада. Најран термин за првиот круг на претседателски избори е 14 март, а најдоцна 8 мај, кажа Џафери на брифинг со медиумите.
Ако партиите немаат согласност и калкулираат, вели тој, јас тоа нема да го оставам така, нема да дозволам да се излезе надвор од она што е пропишано.
Џафери информираше дека пратеници од Беса и Алтернатива поднеле барање за оглас за член на Државната изборна комисија.