Џафери ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за уставни измени

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за потребата за уставни измени по исцрпувањето на листата на говорници на пленарната седница на 18 август.

Џафери рече дека „тенденцијата за криво информирање го навело пред граѓаните да ја образложи својата постапка“.

Седницата беше свикана за 18 август според глава 5 на Деловникот во која се пропишани чекорите за текот на една седница, рече Џафери.

Како што кажа, продолжението завршило со негова констатација дека претресот е завршен и дека за тоа кога ќе продолжи седницата пратениците ќе бидат дополнително известени.

Претседателот на Собранието се повика на членот 81 од Деловникот.

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини Џафери дека не го почитувал Деловникот на седницата за потребата за уставни измени.

Слични содржини