Џафери сам ќе ги распише изборите доколку партиите не се договорат до 31. декември

од Nikola Popovski
204 прегледи

Претседателот на Собранието, Талат Џафери им даде рок на политичките партии до Нова година да го договорат датумот за избори.

„Политичките партии кои се застапени во Собранието, имаат можност до Нова година да си најдат консензус во однос на двата термини за избори. Во крајна инстанца, уставна и законска надлежност е моја за да водам сметка на термините кои би биле во рамките на роковите. Парламентарните избори треба да бидат во последните 90 денови од мандатот. Добро ќе биде ако имаат согласност кога ќе биде гласањето…Доколку не настапуваат моите обврски и овластувања“, прецизира Џафери потенцирајќи дека нема да дозволи, како што вели, роковите да го прегазат.

Џафери објаснува дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат Уставот и законите за да се организираат изборите, но и дека има законска обврска за формирање техничка влада три месеци пред изборите.

Слични содржини