Поранешниот европратеник и еден од копретседателите на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски реагира поради вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ поврзана за европскиот пат на земјите од регионот, меѓу кои и Македонија.
„Дрскиот шумадиец со шајкача се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од ЕУ. По нарачка на штуката“, стои во објавата на Џамбаски.
Ставот на бугарскиот политичар кој е познат по своите провокаторски и негаторски ставови кон Македонија следуваат откако вчера Вучиќ рече дека неговата политичка борба околу европската интеграција не се однесувала само на Србија, туку и на Босна и Херцеговина и на Македонија.
Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина, преку забрзана постапка.
Вучиќ: Не само за Србија туку се борев и за Македонија и БиХ да станат дел од ЕУ