499
„Координиран напад организиран од властите во Скопје. Додека Европскиот парламент започнува со разгледување на извештајот за Северна Македонија, владата во Скопје започнува голема лобистичка офанзива во Европа. Нејзината крајна цел, се разбира, е Скопје да не направи никакви промени во односите со Бугарија и со тоа да игра со Брисел. Работи намерно против Бугарија, само на штета на Бугарија“, напиша денеска бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на Фејсбук.
Тој потсети дека македонскиот премиер, Димитар Ковачевски жестоко ја нападнал Бугарија на самитот на Советот на Европа во Рејкјавик. Исто така и претседателот Пендаровски го потврди постоењето на „црни списоци“ за Бугарите да не се дозволуваат на територијата на Северна Македонија.