Две жени вчера пријавиле дека станале жртви на џебџии во градските автобуси во Скопје.
Имено, како што соопшти СВР Скопје, во 18 часот вчера кај нив било пријавено од М.К.(48) од Скопје дека додека се возела во автобус на подрачјето на Чаир, од чантата ѝ бил одземен паричник со пари, лични документи и други предмети.
Претходно, во 13.20 часот вчера во СВР Скопје, В.З.(20) од Скопје пријавила дека околу 12:20 часот на подрачјето на Центар, при излегување од автобус, едно лице со употреба на сила ѝ го одзело личниот накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите, уверува скопската полиција.