Џек пот од 252,6 милиони долари отиде во Охајо: Добитникот купил лоз во градот Македонија

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Среќен добитник од Охајо во средата се збогати за 252,6 милиони долари, пред оданочување, откако го освоил џекпотот Powerball, пишува Вашингтон Тајмс.

Добитниот тикет е купен во градот Македонија, Охајо, со што е четвртиот добитник од оваа американска држава кој освоил џекпот на Powerball откако таа држава се приклучила на лотаријата.

Продавачот на добитниот тикет ќе добие 100.000 долари само што го продал добитниот тикет.

Победникот има можност да ги земе парите во готово, но тогш би добил 134,7 милиони долари.

Градот Македонија во Охајо има околу 12.000 жители.

Пред тоа, среќните добитници во САД добиваа џекпот во играта Mega Millions – еден освои 483 милиони долари минатиот петок, друг освои 20 милиони долари во понеделникот.

Двата лоза се купени во Њујорк, а среќните добитници имаат 180 дена да го пријават добитниот тикет.

Слични содржини