„Без заштитена граница, нема нација“, порача поранешниот шеф на дипломатијата на САД, Џон Кери, во интервју за Би-Би-Си, порачувајќи дека неговите колеги од редот на Демократската партија на САД, дозволиле границата на САД со Мексико во текот на мандатот на Џо Бајден, да биде „под опсада“.
Во изненадувачки острите изјави, Кери, инаку поранешен сенатор од сојузната држава Масачусетс и демократски кандидат на изборите во 2004 година, порача дека со години го предупредувал претседателот Бајден дека партијата целосно потфрлила кога е во прашање миграцијата.
Според неговите зборови, токму тој пропуст им овозможил на републиканците, коишто ја поддржаа кандидатурата на Доналд Трамп политички да се профилираат. Изјавите на Кери доаѓаат во момент кога во Демократската партија с повеќе се расправа за тоа дали нивите политики поотворени спрема мигрантите се главната причина за поразот на последните избори.
„Првата работа што секој претседател би требало да ја каже – или кој било друг во јавната сфера – е дека без заштитена граница, немаш држава. Би сакал претседателот Бајден почесто да кажуваше ‘Ќе го спроведувам законот“.