Ентони Џошуа доживеа тежок нокаут во својот последен настап. Тоа беше на преполниот Вембли против Даниел Дубоа во борба за титулата во тешка категорија на ИБФ, а речиси никој не пропушти да забележи колку чудно изгледаше Џошуа дури и кога излезе од соблекувалната и влезе во рингот.
Свесен е дека се ближи крајот на кариерата, а меч со кој сака да заврши е оној со „Крало на циганите“ – Тајсон Фјури.
– Тоа е борбата што сакам да ја видам. Јас сум љубител на боксот, сакам да ја гледам таа борба. Причината поради која решив дека сакам да се занимавам со толку интересни работи е затоа што немам многу години пред мене – имам повеќе години зад мене отколку пред мене. Сакам експлозивно да ја напуштам оваа игра, да имам влијание, да се забавувам и да водам големи борби – една од нив е Тајсон Фјури“, рече Џошуа.
– Секогаш кога излегувам меѓу луѓе сите ме прашуваат за таа борбаа. Сметам дека е моја должност како борец да им го овозможам тоа. „Ова мора да се случи оваа година, рече тој.