Џозеф: Курти и Вучиќ имаат корист од кризата на северот на Косово

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, вели дека нема големи очекувања за овонеделната средба меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, прва по повеќе од четири месеци.

Според него, би било „пријатно изненадување“ доколку има некаков напредок.

Џозеф во интервју за РСЕ вели дека Европската Унија како посредник во дијалогот треба да ги потсети двете земји дека имаат договор кој треба да се спроведе.

За да се реши ситуацијата на северот на Косово, вели тој, двете страни мора да го исполнат својот дел од работата.

Сепак, вели Џозеф, кризата им одговара и на Вучиќ и на Курти.

„Вучиќ има корист од сето она што го оддалечува од спроведувањето на договорот за кој САД и ЕУ велат дека го прифатил. Курти секако има корист бидејќи притисокот сега е само на чекорите за деескалација [ситуацијата на северот], а не на на прашањето за Заедницата [на општини со српско мнозинство]“, вели Џозеф.

Според него, Вучиќ не е партнер на САД, но Курти е „исклучително тежок и неодговорен во својот пристап кон решавањето на проблемот на северно Косово“ и тоа не е во склад со тоа да биде добар партнер со САД и Западот.

Слични содржини