ДКСК ќе испитува дали Град Скопје склучил договор со адвокатското друштво на „Шилегов“

од Берта Китинска
161 прегледи

Претседателот на ДКСК Билјана Ивановска, на денешната прес-конференција, информираше дека е отворен нов случај за градоначалникот на Град Скопје за кој слушнале од медиумите дека наводно градот има склучено некаков договор со адвокатското друштво на „Шилегов“ и од градот Скопје се одлеваат средства на тој начин.

Таа појасни дека до ДКСК била доставена пријава што се однесувала на судир на интереси  за градоначалникот Петре Шилегов бидејќи тој со своето адвокатско друштво имал склучено договор за консултантски услуги.

“ДКСК одлучи да го испита овој случај и да ги потврдиме или отврдиме наводите и за тоа ќе ја известиме јавноста, бидејќи станува збор за сензитивно прашање. Во однос на тоа дали тој сега има договор со адвокатската канцеларија, наводите не се точни бидејќи тој го раскина договорот со адвокатското друштво“, рече Ивановска

Од тие причини, ДКСК го повикала Шилегов и му објасниле дека согласно член  44 од Законот, службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности, како и приходи од авторски и други активности…, но не може од консултантски услуги, бидејќи тие не спаѓаат во тој член.

 

Слични содржини