Билјана Ивановска, Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) вчера во „Топ тема“ посочи дека нема механизам да го казни синот на претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, кој сега е на листата на обвинители, положил правосуден испит без завршен факултет, но и дека државата нема правни или други механизми со кои би се казниле ваквите случаи.
„Ние утврдивме, тоа што утврдивме го обелоденивме во јавноста – дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот. Да, имало злоупотреби во случајот, меѓутоа сето тоа се случува пред осум години и случајот се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што“, рече Ивановска.