
Овен
Постои голема веројатност околностите да ве принудат да го одложите планираното патување. Но, немојте да се грижите, тоа ќе биде за ваше добро. Размислувајте за она што ќе ви биде најлесно да го остварите во блиска иднина и не се заморувајте со ситници.
Бик
Ќе се чувствувате многу подобро во позната околина, опкружени со блиски луѓе, отколку на непозната локација во бучно друштво. Искористете го денот за обновување и стабилизирање на вашата енергија.
Близнаци
Личните односи ви се во прилично сложена ситуација. Наеднаш може да сфатите дека навидум сличните интереси со партнерот, во целина всушност не ви се компатибилни. Звучи фрустрирачки, но размислете уште еднаш пред да донесете конечна одлука, во било каква насока.
Рак
Мирен ден за вас, набљудувајте ја околината. Занимавајте се со малите и одамна одложувани активности, и погрижете се за вашата физичка и духовна состојба. Уживајте во омилените занимации.
Лав
Потсетете се на даденото, но неисполнето ветување. Потребно е да го промените редоследот на планирање на настаните. Избегнувајте дискутирање и потпишување на важни договори и документи. Исплатете си ги долговите.
Девица
Денес за вас се многу важни личните односи. Внимавајте на случувањата во околината, и обидете се да се адаптирате на создадената ситуација. Ќе бидете поканети на некој настан, каде што е можно да запознаете личност со значајни планови за вашата иднина.
Вага
Што и да се случи, зачувајте си го мирот. Можно е да имате проблеми со транспорт, со техника или со документи. Во тој поглед не закажувајте важни средби за денес.
Скорпија
Ви претстои сложен разговор кој не е пожелно да го одложувате. Веројатно ќе ја откриете вредноста на нештата и ќе се откажете од некои планови во блиска иднина.
Стрелец
Вашата енергија е стабилна и во состојба сте да постигнете многу, но пожелно е да го контролирате стремежот кон лидерство и прекумерна иницијатива. Со колку по рамномерно темпо дејствувате, толку помалку проблеми ќе си создавате.
Јарец
Доста интензивно сте во контакт. Можно е да бидете посетени од непоканети гости. Ќе имате многу активности и грижи околу нив, меѓутоа нема да ви наштетат на доброто расположение.
Водолија
Ако сте планирале патување на непозната локација, не ги заборавајте потребните лекови и санитарни материјали. Постои веројатност за повреда или алергиска реакција од растенија или инсекти. Нема да бидат предизвикани сериозни проблеми доколку реагирате на време.
Риби
Интуицијата ви е силна, а мислата ви е брза. Размислете за конфликтите поврзани со личните односи и обидете се да ги средите. Говорот ви е убедлив така што може да разговарате за бизнис – планови со вашите партнери