„Дневни аваз“: Македонија е застапена со две фирми во „Панамските документи“

од desk3
105 прегледи

Сите земји од поранешна Југославија се споменуваат во тајните документи на панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ (Mossack Fonseca) за поседување тајни сметки во Панама, информира босанскиот весник „Дневни аваз“.

pari evra

Според податоците објавени во весникот „Ајриш тајмс“, најмногу компании на списокот што доаѓаат од земјите од регионот има Словенија – 21, потоа следат Црна Гора со 13 и Хрватска со три компании.

Македонија е застапена со две фирми, Србија и Босна и Херцеговина немаат компании на списокот, но во него фигурираат тројца босански акционери, забележува весникот. /МИА