Дневно ќе се прават и до 2 000 ковид-теста во државните лаборатории

од Берта Китинска
420 прегледи

Покрај постојното приемно одделение во  Институтот за јавно здравје  ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19.

Капацитетот на тестирање во државните лаборатории се зголемува и ќе може да се постигне дневната бројка од 2 000 ковид-теста.

Зголемувањето е за вкупно 350 дополнителни тестови од кои, според Министерството за здравство, по 100 ќе се прават во Центарот за јавно здравје – Скопје и во лабораторијата во Козле, а 150 во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„На овој начин, ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта. Пунктот работи секој ден од 7:30 до 14 часот за земање брисови, а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите“,велат од Министерството за здравство.

 

Слични содржини