Дневно ќе се вакцинираат по 5 илјади лица: Од понеделник вакцинација со „Спутник“

од Берта Китинска
348 прегледи

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација.

Вакцинацијата со „Спутник“ според најавите  треба да почне во понеделник во спортскиот центар. Планот е дневно да се вакцинираат по 5 илјади лица од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

-Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот, соопштија од министерството за здравство.

Во меѓувреме, продолжува масовната вакцинација со „АстраЗенека“ за лица над 77 години. Според официјалните податоци, досега против Ковид-19 се вакцинирале 7.735 лица, додека над 121.000 граѓани искажале заинтересираност.

Слични содржини