Владата издвои 30 милиони денари за реконструкција на спортска сала „Работнички“ во Скопје

од Radmila Tasevska

На вчерашната владина седница беше донесена одлука за прераспределба на средства од Буџетот за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје.

Агенцијата за млади и спорт е задолжена да префрли 30 милиони денари на посебна наменска сметка на Општина Центар.

Согласно владината одлука, прераспределените средства кон Општина Центар се исклучиво за намената за којашто се доделени, односно за реконструкција на спортска сала „Работнички“ – Градски парк, општина Центар.

Слични содржини