Руски војници преговараат со украинската страна во комплексот на фабриката за челик Азовстал, потврди денеска командантот на бригадата „Исток“ на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Александар Ходаковски.
Ходаковски објасни дека група од девет украински војници излегла од тунелот што води од комплексот на фабриката за челик Азовстал.
„Во тек е активна фаза на преговори“, изјави Александар Ходаковски, командант на Источната бригада на самопрогласената Народна Република Доњецк.