275
Денеска (26.10.2022) во СВР Скопје е пријавено дека на меил адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за раасчистување на случајот, соопштија од МВР.
Ученик од скопското средно училиште Корчагин за „Локално“ изјави дека класниот раководител на почетокот на последниот час им рекол веднаш да ја напуштат училницата и да одат дома.
„Учениците од втора смена се пред училиштето и чекаат да бидат известени дали ќе имаат настава. Полицијата е во училиштето врши проверка“, додаде тој за „Локално“.